Мариово гори, по ноќната битка за Крушевица огнот насочен кон Битолско

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово е најголем во државата и е сè уште активен поради ветрот. Огнената линија е долга над 20 километри.
Мариово гори, по ноќната битка за Крушевица огнот насочен кон Битолско
  • Нема скорешни изгледи дека пожарот ќе се локализира
  • Крак од огнот од прилепскиот дел на Мариово е насочен кон битолскиот дел
  • Опасност од експлозии поради неескплодирани гранати

Во гаснењето се ангажирани ер-трактори кои успеале да прекинат дел од огнената линија, а вклучени се и доброволци од Битола, Кочани и Виница. Тешка и ризична била ноќната битка со пожарот кај селото Крушевица.

Слушајте радио во живо

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека е тешко овој пожар да биде целосно изгаснат и дека прво се обидуваат барем да го намалат и да воспостават контрола. Дополнителен голем ризик претставуваат неексплодираните гранати од Првата светска војна кои сè уште ги има во пределот на Мариово.

Прочитајте и за ова:

https://kanal77.mk/video-7/

Прочитајте го и ова:

https://kanal77.mk/video-osum-sekundi-horor-borba-za-zhivot-vo-omish/

Инспекторот во Дирекцијата за заштита и спасување, Јован Аврамоски, апелира на внимателност бидејќи заостанатите минско-експлозивни средства дополнително ја отежнуваат акцијата за локализација и гаснење на пожарите на овој терен. Поради сериозноста на ситуацијата, доцна синоќа итно заседаваше општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ