- Се губат драгоцени минути и секунди и човечки животи поради непристапноста од паркирани возила
- Проблем се тесните сокаци и непристапните влезови
- Некогаш пациентот се носи на раце, а се бара помош и од граѓаните
Видео снимката во продолжение, на која се гледа како амбулантното возило на Итната медицинска помош во Штип со сирени и сигнализација упорно се обидува да се пробие низ сообраќајот до пациентот што ги чека, е само уште една од бројните што ги споделуваат граѓаните. Последната од саботата е во строгиот центар во Штип во непосредна близина на општинската зграда, каде пречка е паркирано возило. Не само што улицата е тесна која води во угорница, туку дополнително паркираното возило ја стопира амбулантата, по што медицинската екипа немаше како, освен да продолжи пеш. По некое време на носила го донесе пациентот до амбулантното возило и потоа и да го транспортира.
Слушате радио во живо
Од службата за Итната медицинска помош во Штип велат дека со ваквите случаи се’ почесто се соочуваат, а дополнителен проблем е конфигурацијата на Штип и тесните сокачиња во делови од градот. Раководителот на службата, д-р Никола Александровски вели дека на терен во транспорт на пациентите доаѓаат со поголеми амбулантни возила, немаат леки коли, поради што се случува тешко да се пробиваат низ тесните улици.
-Се бара решение во моментот, некогаш се викаат и луѓе, граѓани да помогнат да го транспортираме пацинетот до возилото, изјави д-р Александровски.
Прочитајте и за ова:https://kanal77.mk/tragedija-roditeli-posle-100-kilometri-voznje-videle-deka-sin-im-na-zadnoto-sedishte-pochinal/
Останува проблемот со непристапните влезови на зградите поради паркираните возила пред нив. Денски пак, возачите често не ја гледаат сигнализацијата на ротационите светла, па дури и не ја слушаат сирената поради затворени прозори и пуштена музика, поради што не реагираат навремено, да се тргнат и да направат место да помине амбулантното возило. Секако, ова е проблем, особено кога секундите одлучуваат за човечки живот.
Во случајот со штипската Итна помош, куриозитет е дека токму најголем проблем се уличките околу Здравствениот дом, седиштето на службата.
-Поради паркирани возила на кривината од улицата која води кон Трговскиот центар и Здравствениот дом, се случува да не можеме да поминеме, поради што бараме и интервенција од полицијата. Исто така, проблем се и тесните улици над Здравствениот дом, вели д-р Александровски.
Инаку, во сообраќајот и при најголемите гужви, возачите се должни да оформат тнр, коридор за итни служби, за кога сообраќајот се забавува и возилата се задржуваат, да се направи место – лента за итни потреби, за да поминат амбулантни, противпожарни или полициски возила. Така е според правилата, но дали е случајот во пракса, секогјдевно сведочиме.





