- Најмалку 165 лица загинаа, а речиси 1.500 се водат како исчезнати – меѓу нив и многу туристи
- Настанот што првично го евидентираше како земјотрес всушност не бил земјотрес, туку уривање на глечер и одлив на отпад
- Во тек е интензивна потрага по исчезнатите
Анализите ја откриваат висинската причина за катастрофата. Имало некаков вид лавина од мраз или уривање на глечер, по што следел земјотрес, којшто пак, предизвикал лавина. Раздвижениот глечер го погодил дното на долината.
Слушајте радио во живо
Се работи за маса од глечер во Хималаите, кој паднала во долината, влечејќи мраз, карпи и почва во речното корито. Како резултат на тоа, масивен бран вода и отпад брзо се движел по речното корито, однесувајќи сè на својот пат.
Прочитајте и за ова:
(Вознемирувачко видео) Како поплавата ги голташе луѓето во Непал
Симулација што покажува како се случила катастрофата од поплавите во Непал:
Американскиот геолошки завод (USGS) потврди дека настанот што првично го евидентираше како земјотрес всушност не бил земјотрес, туку уривање на глечер и одлив на отпад што предизвикал „катастрофални последици низводно“.
Американскиот геолошки институт првично во среда објави дека земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погодил областа.







