(Вознемирувачко видео) Како поплавата ги голташе луѓето во Непал

Фото: Јутјуб

Најмалку 17 луѓе загинаа, а 384 лица се водат како исчезнати во поплавата што го погоди пограничниот регион помеѓу Непал и Тибет.

Помеѓу исчезнатите лица 105 се индиски државјани, 12 Британци, а на 111 човек сè уште не е утврдена националноста.

Надојдената вода оштети села и патишта, а непалските власти побараа помош од Кина и од Индија.

Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија како река Гандак. Поплавата минатата година во реката Боте Коши уби девет луѓе, а го однесе и Мостот на пријателството кој ги поврзува Непал и Кина, што го наруши сообраќајот и трговијата на неколку месеци. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ