Преписката меѓу Зоран Ванев, Роберт Саздов и Јован Јованов доби продолжение.
По објавата на првниот застапник на Саздов и Јованов, адвокатот Јанаки Митровски, дека ќе бараат отштета во вкупен износ од 6.200.000,00 денари поради сериозно нарушување на нивната чест, углед и професионално реноме, со објава на Фејсбук повторно се јави Ванев, кој посочи дека неговото побарување за „штетата врз мојот углед е загрижувачка“.
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:
-Во име на вистината, правдата и заштитата на мојот личен и професионален интегритет, јавно се обраќам со цел да ги демантирам неоснованите наводи и да упатам сериозна правна опомена до лицата кои се обидуваат да го нарушат мојот углед.
Мојот кредибилитет е граден со децении преку чесна работа. Самиот мој образ и транспарентност се моите најсилни правни аргументи со кои овој спор, доколку се иницира, е добиен уште на самиот почеток. Едвај чекав да ја отворите Пандорината кутија, бидејќи токму во неа самите ќе се закопате.
1. Фејсбук објавата е „свиркач“, а конкретните докази се за на Суд
o Повик до надлежните органи: Во однос на вашата наивна и смешна забелешка дека во мојата Фејсбук објава „немало приложено докази“ — сакам јасно да ви појаснам: социјалните мрежи не се судница. Мојата објава имаше исклучиво функција на „свиркач“ и претставуваше отворен јавен повик до надлежните истражни органи конечно да ги отворат очите, да влезат и да спроведат темелна истрага.
o Судска разврска: Конкретните, неизбришливи и материјални докази со кои располагам нема да ги трошам и девалвирам по портали. Тие ќе бидат уредно, прецизно и безмилосно изнесени таму каде што им е местото — пред Судот.
o Факти, а не самоволие: Зоран Ванев не пишува од самоволие. Секој мој збор е дебело поткрепен со факти за кои, во морето од ваши безбројни малверзации, можеби и самите веќе не сте свесни што сè сте направиле. Но, не грижете се, на сето тоа ќе ве потсетам кога ќе дојде време.
2. Процесуални повреди и најава за милионско отштетно побарување
o Вонправна достава: Му порачувам на вашиот правен застапник да ги почитува елементарните норми. Правни списи и закани не се доставуваат на крајно непрофесионален начин – преку приватни лица низ Штип или преку Фејсбук објави. Доколку навистина имате правен основ, уредно доставете ја тужбата или што и да имате намислено на мојата адреса во Швајцарија по службен пат.
o Милионска контра-тужба: Сумата од 100.000 евра со која се обидувате да ме замолчите е само ваша правна фантазија. Јас сум државјанин на Швајцарија со титула Доктор на природна медицина, и штетата врз мојот углед е загрижувачка. Доколку мислевте дека сум несериозен човек и дека ве посочувам без причина и материјални докази, многу сте згрешиле. Следствено, моето отштетно побарување нема да биде 100.000 евра, туку можеби ќе биде милионско. Зоран Ванев не е „тиква без Македонски корење“, туку човек Патриот кој со чист образ чекори низ целиот свој живот.
3. Лоцирање на одговорноста и злоупотребата на буџетот
Ќе ми биде исклучителна чест, задоволство и вистинско уживање судски да го процесуирам овој случај и да го набљудувам разоткривањето на оваа мафијашка конструкција која со години профитира од парите на народот. Директно ги лоцирам:
o Роберт Саздов (како уметнички директор на Макфест кој што ги премолчува сите овие зделки)
o Јован Јованов (како главата на целата оваа мафијашка конструкција)
Доколку дојде до судска разрешница, многу ќе ми биде жал што во процесот неминовно ќе мора да бидат вплеткани и одредени луѓе од Општината. Но, од друга страна, тоа е неизбежно кога со такви луѓе како нив си имаат склучено договор за соработка.
4. Фактички демант за одбиените композиции
Во однос на вашите тврдења дека мојата реакција произлегува од суета поради „една одбиена песна“, најостро ве демантирам. Фактичката состојба е дека беа одбиени две песни, и тоа е апсолутно најмалиот проблем во целата ситуација.
Мојот квалитет што го поседувам како музичар е далеку пред сите во Македонија. Почнувајќи од „Јужна пруга“ која е безвременски хит, па понатаму — тоа се успеси за кои овие наведени музички имиња можат само да сонуваат.
ЗАКЛУЧОК: Размислете си уште еднаш пред да влезете во битка за која однапрет си го знаете исходот — ова човечки ви го кажувам и предупредувам.
Во спротивно, подгответе се за соочување со вистинската цена на мојот углед кој е многу поскап од ситните профитери на државните пари од народот.
Против правдата и чесноста нема лек – таа секогаш победува.
Да живее Република Македонија!




