Две лица истепале ученик во средно школо на голем одмор, едниот извадил и пиштол!
-На 19.10.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје, Р.С.(41) од Скопје пријави дека на голем одмор пред средно училиште на подрачје на Шуто Оризари, каде што учел, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица, од кои едниот извадил пиштол, но не пукал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.






