Тројца повредени во сообраќајќи со мотоциклисти без возачка во Кочани и Штип

На 19.10.2026 во 08:50 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Р.З. од с.Грдовци, кочанско и мопед управуван од 72-годишниот Р.Ј. од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Итната медицинска помош во Кочани. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека Р.Ј. го управува мопедот, пред да се стекне со право на управување. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2026 околу 18:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Партизанска“ во Штип, М.А.(60) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот. Во незгодата со повреди се здобил возачот и неговата 46-годишна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. При преземање мерки е констатирано дека М.А. го управувал мопедот пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ