- Да дојдат тренери од ФФМ во САД и да изберат млади тсалентирани Македонци за тимовите во Македонија
- За ова пред една недела се водени разговори со челниците на ФФМ и претставниците на ОМД
Деца на наши иселеници секаде во светот се дел од македонската фудбалска репрезентација. Но, до сега немало официјална иницијатива да се направи селекција на млади фудбалери, кои би биле потенцијални таленти и во репрезентацијата и во фудбалските екипи.
Слушајте радио во живо
Тргнувајќи од оваа идеја, претседателот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Арџи Белио, пред една недела остварил средба со раководството на ФФМ. Во емисијата Стадион на Канал 77, Белио сподели дека меѓу еден милион иселеници и нивни потомци во Америка, ќе се најдам многу талентирани фудбалери.
-Сакаме да доаѓаат тренери од ФФМ во Америка, ние да правиме купови и од сто деца, можеби ќе изберат еден за во репрезентација. Ќе почнеме со фудбалот,па зошто да не и на таков принцип да се избираат репрезентативци и за одбојка, кошарка., рече Арџи Белио.
Нема официјална бројка на Американци со македонски корени, но проценката на ОМД е дека со потомците кои дошле и создале семејства, се и до три милиони.
Проследете ја емисијата Стадион на линкот:





