Денеска се навршуваат 17 години од бродската несреќа во Охрид, во која загинаа 15 бугарски туристи

Потонувањето на бродот „Илинден“ е најголемата бродска несреќа во историјата на Република Македонија
Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Датум и време: 5 септември 2009 година, околу 10:35 часот наутро.
Локација: Охридското Езеро, на околу 200 метри од брегот кај автокампот „Елешец“.
Маршрута: Пловел на релација Охрид – Свети Наум.
Жртви: Животот го загубија 15 туристи (државјани на соседна Бугарија).
Патници: На бродот имаше вкупно 57 патници, иако капацитетот му бил помал.

На денешен ден пред 17 години, во Охридското Езеро, на 200 метри од автокампот „Елешац“ потона бродот „Илинден“. Несреќата се случила во 10 часот и 35 минути.

Слушајте радио во живо

Патниците од палубата, главно бугарски туристи, кои со бродот сакале да направат обиколка по брегот на езерото, откако станало јасно дека бродот тоне, почнале да викаат по помош. За среќа, во непосредна близина бил бродот „Галеб”, им фрлиле појаси за спасување на давениците. Сепак, 15 луѓе не успееја да дојдат до појасите. Настрадаа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.

Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата. 

Судски процес

Судскиот процес започна во Основниот суд во Охрид во 2010 година, а пресудата беше изречена на 5 јули 2011 година. Судот утврди споделена одговорност за несреќата. Сотир Филески (капетан на бродот), беше осуден на кумулативна казна затвор од 1 година. Тој беше прогласен за виновен бидејќи управувал со брод кој немал соодветен баланс и дозволил на него да се качат 57 патници – бројка што значително го надминувала капацитетот на пловилото (кое имало максимален капацитет од 45 лица). Бранко Бајиќ (овластен инспектор од германски „Лојд“): Му се судеше во отсуство и исто така доби 1 година затворска казна. Тој беше прогласен за виновен бидејќи издал сертификат за техничка исправност на бродот без да ги земе предвид конструктивните недостатоци на горната палуба.

Прочитајте и за ова:

Неостварениот аеродром во Овче Поле: Како пропадна сонот за штипскиот карго-аеродром

Покрај кривичниот процес во Македонија, во Бугарија пред Окружниот суд во Софија се водеа и граѓански судски спорови преку кои семејствата на загинатите бараа милионски отштети од осигурителните компании

Во Охрид се поставени споменици во почит на жртвите

Споменикот „Солза на Роза“ е главното спомен-обележје, подигнато на Градскиот кеј во Охрид во непосредна близина на Студенчишкиот канал. Споменикот има модерен и симболичен изглед со уметнички изработена форма што претставува солза, а во негова близина секоја година на 5 септември официјални делегации од Македонија и Бугарија полагаат свежо цвеќе.

Секоја година, локалните власти, Здружението на граѓани „5-ти септември“ и претставници на бугарската амбасада ја комеморираат оваа трагедија за да се сочува споменот на 15-те прерано згаснати животи.

МИА/Канал77

фото: МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ