Логопедски проблеми, но и со видот и‘рбетот, покажале систематските прегледи на учениците во Штип

Фото: МИА

Во Штип се во тек систематските прегледи на учениците, кои се спроведуваат според распоредот на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Целта е навремено откривање на евентуални здравствени проблеми кај децата преку проверки на растот, видот, говорот и физичкиот развој.

Директорот на здравствениот дом, Горан Андонов, информира дека прегледите ги вршат специјалисти педијатри, а опфатени се и психолошки и логопедски процени, мерење на висината и тежината, проверка на видот и откривање можни ортопедски проблеми.

– Службата за превентивна здравствена заштита, односно Одделот за вакцинација континуриано работи. Во овој период сега се систематските прегледи на ученциите, кај нас регуларно тече вакцинацијата, имаме доволен број. Знаете дека имаме допис од Министерството за здравство, за да се прекине вакцинирањето на БСЖ вакцина, се уште чекаме повратен допис за да можеме да започнеме. Така што само вакцинирањето со БСЖ вакцина е прекината, сите останати вакцинации, односно сите вакцини ги имаме и се продолжува со вакцинирање – изјави Андонов.

Систематските прегледи ги вршат специјалисти педијатри од установата, а опфаќаат и други здравствени прегледи.

– Се прави психолошки преглед, логопедски преглед, се мери висина, тежина, се испитува вид, дали има ортопедски проблеми и доколку има нешто од тоа се укужавува на ученциите, односно на нивните родители дека треба понатаму да побараат соодветна здравствена заштита – вели Андонов.

Тој посочува дека во споредба со претходните години, денес се почесто кај децата се забележуваат проблеми со ‘рбетот и видот. Според лекарите, една од можните причини е се поголемата изложеност на децата на мобилни телефони и социјални мрежи.

Меѓу позачестените проблеми се и доцнењето во развојот на говорот и потребата од логопедска поддршка. – Доколку при систематските прегледи се утврдат отстапувања, родителите добиваат насоки за понатамошни испитувања и соодветен третман – вели Андонов. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ