Момче(19) од Скопје вонбрчно живело во изнајмен стан во Струга со млолетничка, исто така во Скопје.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете”. На 08.09.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот кој го користел во Струга, пријавениот бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје. Малолетничката е предадено на претставници на Центарот за социјални работи од Струга за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид.





