Мајката на еден од осудените за убиството на турскиот студент во Штип бара синот да издржува казна во Турција

Осман Метихан Кулдруд од штипскиот Основен суд е осуден на 5 годни затвор за помагање во извршување на убиството на 25-годишниот студент, кој со шест куршуми беше застрелан во кафуле во центарот на Штип. Кулдруд со уште тројца други сонародници, кои помогнаа и го извршија убиството на студентот, затворската казна ја издржуваат во затворот Идризово.
Осман Метихан Кулдруд од штипскиот Основен суд е осуден на 5 годни затвор за помагање во извршување на убиството на 25-годишниот студент, кој со шест куршуми беше застрелан во кафуле во центарот на Штип.
Мајката на еден од осудените за убиството на тускиот студент во Штип бара синот да издржува казна во Турција
  • Арзу Кулдруд поднела претставка до Судскиот совет со барање нејзиниот син, Осман Метихан Кулдруд (осуден на 5 години затвор за помагање во убиството на турскиот студент во Штип), да ја дослужи казната во Турција
  • Казна за мајката поради инцидент во суд: Таа исто така барала укинување на паричната казна и тригодишната забрана за влез во Македонија, изречени откако таа физички нападнала полициска службеничка обидувајќи се да стигне до својот син за време на судењето.
  • Позадина на убиството и судските пресуди: Убиството во мај 2025 година било извршено од турски државјани, при што директниот извршител Кадир Кара добил 17 години затвор, додека тројца помагатели (вклучително и Кулдруд) добиле по 5 години затвор и трајно протерување од земјата.

Во претставка доставена до Судскиот совет, Турчинката Арзу Кулдруд доставува две барања со кои бара нејзиниот син да продолжи да ја издржува казната затвор во Турција, додека второто барање се однесува на неа лично. Имено, таа е осудена на парична казна и ѝ е забранет влез во Македонија за период од три години, откако на едно од судењата на нејзиниот син, таа нападна полициска службеничка.

Слушајте радио во живо

Настанот се случи во моментот кога Арзу Кулдруд го здогледува нејзиниот син како влегува во судот и тргнува кон него, но е спречена од полициската службеничка, кој ја вржела нејзината должност. При тоа, турската дравјанка ја напаѓа полицајката. Со пресудата, практично Кулдруд не може да дојде во Македонија и да го посети во затворот во наредните три години.

Прочитајте уште на темата:

Инцидент по судење: Мајка на обвинет за убиството на турскиот државјанин која сакала да го гушне синот, заврши со пријава за напад на полицајка

Во претставката, која беше денеска разгледана од Судскиот совет, Кулдруд, како што рече членката на Советот, Антоанела Димовска, објаснува дека тоа не било така, дека таа не мислела да ја нападне полициската службеничка, но била револтирана затоа што не можела да го види синот.

-Во однос на тоа како судот зошто обвинителот поднел обвинителен предлог и зошто е изречена пресудата ние не можеме ништо затоа што тоа е нешто што е во дометот на судот, рече Димовска.

Прочитајте и за ова:

По пет години затвор за тројца турски државјани за помагање на убиството во Штип

Што се однесува до барањето за префрлање на осудениот син казната да ја дослужи во затвор во Турција, претставката беше отфрлена, бидејќи како што беше кажано на седницата на Судскиот совет, во тек е постпка, во која се одлучува по ова барање.

Постапката се води во Министерството за правда, кое очекува одговор од Турција, дали ќе го преземе затвореникот и спроведе во некој од туските затвори. Ваквите постапки, вообичаено треаат и по половина година.

Убиството на 25-годишниот студент во Штип во мај 2025 година, беше проследен со големо внимание во македонската јавност. Убиството било планирано и е изведено и помогнато од турски државјани и една македонска државјанка, кои во потера од полицијата беа фатени, а потоа и осудени. Тројца помагатели Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан Кулдруд добија по пет години затвор. Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш. Убиецот Кадир Кара (23), кој го призна делото и испука шест куршуми во студентот, беше осуден на 17 години затвор.

Прочитајте уште:

Затвор од 17 години и протерување од Македонија за Кадир Кара, убиецот од кафулето на штипскиот плоштад

Само неколку дена по убиството во Штип, беа спроведени повеќе истраги и претреси, што водеа кон откривање на злоупотреби кај осум припадници на МВР. Како што соопшти Обвинителството, осомничените физички лица од јануари до април 2025 година во Штип, со искористување на своето претпоставено влијание врз осомничените полициски службеници од ГП Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои имале претходно воспоставени пријателски односи, во најмалку четири наврати овозможиле на најмалку пет странски државјани кои незаконски престојувале во Македонија, непречено да го регулираат својот престој. -Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен, да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во Македонија. Осомничените полициски службеници прифаќајќи го влијанието од посредниците, со намера да прибават за себе имотна корист, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и не ја извршиле својата службена должност, соопшти Обвинителството.  

В.К.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ