Во група млади луѓе кои се движеле во скопската населба Чаир во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“, синоќа околу 23.30 часот пукале двајца на мотор, по што побегнале. Како што соопшти МВР, А.М. (26), по пукањето бил пренесен во болница, по што починал.
Слушајте радио во живо
-На 06.09.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал, соопшти МВР.
Прочитајте и за ова
За убиства на криминалци се ангажираат млади Македонци! Нов мафијашки тренд
- Полицијата и истражните екипи до доцна во ноќта вршеа увид на местото на настанот.





