Владата не дала ни денар за Гета и останатите настани, вели Мицкоски, но платила компанија во нејзина стопроцентна сопственост

Едно од најактуелните прашања деновиве за тоа кој и колку платил за синоќешниот настап на Дејвид Гета, како и останатите настани во Скопје и низ Македонија, го одговори премиерот Христијан Мицковски. Вели – Владата не дала ни денар.
geta vo skopje
Владата не дала ни денар за Гета и останатите настани, вели Мицкоски, но платила компанија во нејзина стопроцентна сопственост
  • Средствата за настаните за 35-годишнината од независноста на Македонија не се од државниот буџет, изјави премиерот Христијан Мицкоски
  • „Призма“ открива кој платил за настаните

-Буџетот, сите овие настани ги чинат 0 денари. И граѓаните и буџетот, сите овие настани ги чинат 0 денари. Слободно можете да проверите Open Finance (Отворени финансии) и ќе проверите дека сето ова граѓаните и буџетот ги чини 0 денари, одговори Мицкоски денеска во Штип.

Слушајте радио во живо

„Призма“ објави дека таа општествено одговорна компанија, како што вели премиерот, е всушност Државна лотарија. Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија“ е 100% во сопственост на државата, односно единствен акционер и основач е Владата.

Како што пишува „Призма“ повикувајќи се на јавно достапни документи, Владата на 28 април задачата за прославата му ја доделува на државното акционерско друштво „Државна лотарија“, по што компанијата распишува јавен оглас. Директорот Александар  Климовски објаснил дека повикот е според Законот за спонзорство и донации и затоа го нема на системот за јавни набавки.

Прочитајте и за ова:

Светската оперска ѕвезда Хозе Карерас и Македонија all star со концерт во Скопје за „35 години независност“

На повикот се јавила само компанијата на Авалон – „Стардаст“, која ги организира сите настани, освен „Силно светнал ден“, кој е во продукција на „ОХО продукција“ со режисерот Дејан Пројковски.

Колку сето заедно чини, засега никој не кажува.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ