За прослава од 5,5 евра владината портпаролка го повтори тврдењето на премиерот  Мицковски: Потрошени 0 денари од Буџетот (Видео)

На прес конференцџијата на Марија Митева, портпаролката на Владата, Александар Климовски: Директор на Државна лотарија и Бобан Милошески, сопственик на „Авалон“ беше соопштено дека серијата настани по повод 35-годишнината од независноста на Македонија чинела околу 5.530.000 евра односно 340 милиони денари.
За прослава од 5,5 евра владината портпаролка го повтори тврдењето на премиерот  Мицковски: Потрошени 0 денари од Буџетот
  • Прославата за 35 години независност чинела околу 5,53 милиони евра (340 милиони денари), од кои 300 милиони биле од нераспределената добивка на АД „Државна лотарија“, а 40 милиони денари од приватни донации

Низ факти:

Извори на финансирање:

-300 милиони денари: Обезбедени од дивидендата / нераспределената добивка за 2024 година на АД „Државна лотарија“.

-40 милиони денари: Обезбедени како донации од приватни компании.

-0 денари од Буџетот: Според Владата, не се потрошени директни буџетски средства.

Организација и спроведување:

Организатор: Како главен организатор се наведува „Авалон“, а компанијата „Стардаст“ ДООЕЛ добила средства за спонзорство од Лотарија.

-Јавен повик: На 30 април бил објавен јавен повик за собирање понуди за реализација на спонзорираните настани, согласно заклучок од 167. седница на Владата.

Слушајте радио во живо

Програма и учесници:

95% од програмата била составена од домашни македонски изведувачи и сценски содржини. Давид Гета настапил како еден сегмент и кулминација на програмата.

Владината портпаролка тврди:

„За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата не се потрошени буџетски средста, трошокот за овие настани не ги чини граѓаните и ова е лесно проверлива информација“, вели Митева

Прочитајте уште за темата:

Владата не дала ни денар за Гета и останатите настани, вели Мицкоски, но платила компанија во нејзина стопроцентна сопственост

Директорот на Државна лотарија, Алекандар Климовски рече дека спонзорството е дадено според Законот за спонзорства и донации, а не по Законот за јавни набавки.

-Имено, станува збор за средства од 300 милиони денари, коишто беа на ставката нераспределена добивка и беа компаниски пари. Значи, тие се пари на самата компанија, а компанијата е способен правен субјект, издвоен од субјективитетот на владата. Значи, тие пари не се буџетски пари. Буџетски пари стануваат во оној момент кога друштвото таа нераспределена добивка ќе ја утврди во финансиските извештаи како дивиденда и ќе дадат налог да се уплати на трезорската сметка. Дури во тој момент добиваат статус на буџетски пари. Дотогаш тие се корпоративни пари, објасни директорот Климовски.

Каква документација е потребна според Законот за спонзорства и донации?

За реализација на ваков вид спонзорство во Македонија се подготвува и архивира договор за спонзорство. Тоа е писмен договор помеѓу давателот (спонзорот) и примателот со детално наведени услови, износ, намена и меѓусебни обврски.

Барање, односно писмен предлог за спонзорство – Формално барање од организаторот или одлука или заклучок (во овој случај заклучок од седница на Владата) со кој се иницира спонзорирањето.

Одлука од управниот орган: Одлука на Управниот одбор или Собранието на акционери на компанијата за одобрување на средствата од нераспределената добивка.

Јавен повик (доколку се бара): Документација од објавениот јавен повик за прибирање понуди за реализација на настаните.

Барање за потврдување на јавниот интерес (за даночни олеснувања):

Решение или Потврда од Министерството за правда или соодветно министерство, во случајов и Министерството за култура со кое се потврдува дека спонзорството е од јавен интерес, доколку компанијата користи даночни поттикнувања (намалување на данок на добивка). Потоа извештаи за реализација и финансиски доказ, извештај од примателот за наменско трошење на средствата и финансиски изводи, фактури и банкарски потврди за префрлањето на средствата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ