Беквалац, Црвена јабука, Лозановски – познати изведувачите на на Велешка питијада, но не и колку ќе бидат платени

На истата локација, во три дена , од 9 до 11 Октомври но со различни домашни и балкански естрадни уметници ќе се одржи познатата стопанско – културна манифестација „Велешка Питијада".
Беквалац, Црвена јабука, Лозановски – познати изведувачите на велешката Питијада но не и колку ќе бидат платени
  • Непознати трошоци: Градоначалникот Марко Колев не откри колку точно пари од буџетот ќе чини таа организација годинава.

Годинава концерти ќе одржат во петокот Влатко Лозановски, во саботата Наташа Беквалац и во неделата Црвена јабука, рече градоначалникот Марко Колев на седница на Совет на Општина Велес. Тој не кажа колку пари ќе чини манифестацијата но најави дека догодина ќе има промена на концептот.

Слушај радио во живо

„Овие три дена треба да се намалат на два дена затоа што мислам дека третиот ден никој не може ниту да пие ниту да јаде. Ќе го намалиме буџеот на Питијадата или не мора да го намалиме туку ќе донесеме подобри ѕвезди”, рече Колев.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ