- Врховниот суд, на седница одржана на 9 септември годинава, Советот за казниви дела донел пресуда со која е уважено барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда
Со укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 15 мај 2026 година, предметот се враќа на повторно постапување и одлучување.
Слушајте радио во живо
На одлуката реагираше владејачката ВМРО ДПМНЕ:
-На слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДСМ и на ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ .
Прочитајте и за ова:
Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот во Шутка





