Безбедност под лупа: УГД и DCAF со акредитирана програма за учење и надзор

По неколкугодишна работа со граѓански активисти и новинари на теми поврзани со управувањето и надзорот над безбедносниот сектор, Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор DCAF со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска започнува со нова, акредитирана универзитетска програма.
  • Започна Програмата за микро-квалификација на DCAF во рамки на Правниот факултет и Центарот за доживотно учење при УГД – Штип
  • Вклучени се универзитетски професори, граѓански организации и медиумски професионалци со претходно искуство во реформата на безбедносниот сектор
  • По успешно завршување, учесниците добиваат сертификат од УГД, усогласен со европските стандарди за микро-акредитиви

Се работи за Програмата за микро-квалификација за управување и надзор над безбедносниот сектор, во рамките на Правниот факултет при УГД и Центарот за доживотно учење во која се вклучени професори на Универзитетот, организации на граѓанското општество и медиумски професионалци кои претходно учествувале во обуките на DCAF за реформа на безбедносниот сектор и во програмата за обука на обучувачи.

Слушајте радио во живо

Програмата, која денеска почнува со предавањето на универзитетскиот професорот Методи Хаџи Јанев во соработка со Весна Доревска, експерт од пракса, е наменета за новинари, медиумски професионалци, истражувачи и претставници на граѓанското општество и е усогласена со Препораката на Советот на Европа за микро-акредитиви за доживотно учење. До ноември, секоја недела ќе се одржува по едно предавање. Програмата е отворена за сите заинтересирани.

Се работи за интерактивни предавања, учење и размислување преку студии на случај, практични вежби и симулации, како и работа во групи и дискусии.

Прочитајте и за ова:

Унгарскиот министер Сијарто споделувал доверливи информации со Москва

Програмата ќе се реализира од страна на професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и експерти од практиката, вклучително и етаблирани новинари и претставници на граѓански организации. Програмата комбинира теоретско знаење со практична примена, со фокус на развој на аналитички, истражувачки и комуникациски вештини.

По успешно завршување, учесниците ќе добијат сертификат од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ