Штип: Затворен мостот на булевар „Гоце Делчев“ поради реконструкција

Сообраќајот се пренасочува кај „Штип сити Мол“, а завршувањето на градежните работи е најавено за 7 октомври. Реконструкцијата на мостот на Брегалница опфаќа активности на долниот и горниот дел, со инвестиција од 30 милиони денари.
Мост на реката Брегалница во Штип
Мост на реката Брегалница во Штип

Мостот на Брегалница влегува во нова фаза

Сообраќајот се пренасочува кон „Штип сити Мол“

Завршување на работите најавено до 7 октомври

Дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Штип е затворен за сообраќај, од крстосницата кај „Мал одмор“ до објектот на ЈП „Македонијапат“. Од Општина Штип информираат дека градежната компанија која ја реализира реконструкцијата на мостот на реката Брегалница започнува со по обемни активности и на долниот и на горниот дел од мостот.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Возилата кои доаѓаат кон градот Штип ќе се пренасочуваат кај „Штип сити Мол“. Станува збор за дел од сообраќајницата која претставува важен влез и излез од градот, особено во правец кон Скопје, Кочани и Струмица, како и кон ТИРЗ Штип.

Булеварот „Гоце Делчев“ од влезот во Штип од правец на Скопје и Кочани е главна сообраќајница која го поврзува тој дел од градот и индустријата со центарот на градот и излезот кон Струмица

Реконструкцијата на мостот треба да заврши до 7 октомври

Од Општина Штип најавуваат дека градежните активности се очекува да завршат до 7 октомври, по што овој дел од булеварот „Гоце Делчев“ повторно треба да биде пуштен за сообраќај.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, пред четири месеци истакна дека со градежните активности се опфатени подобрувањето на статиката на мостот и уредувањето на неговиот горен дел.

Планираните активности вклучуваат поставување нов асфалт на коловозот, уредување на тротоарните површини, поставување ограда и подобрување на уличното осветлување.

Инвестицијата ја реализира Јавното претпријатие за државни патишта, а нејзината вредност изнесува 30 милиони денари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ