34 фотографии за 34 години: „Окото на ангелот“ го оживеа сеќавањето на Александар Ефремов

Триесет и четири фотографии за 34-тиот роденден на штипјанецот Александар Ефремов беа изложени во уметничката галерија „Безистен“. Изложбата „Окото на ангелот“ собра семејство, пријатели и колеги и потсети на неговиот фотографски свет.
Изложба на фотографии на Александар Ефремов | Фото: Каровски Мартин
Изложба на фотографии на Александар Ефремов | Фото: Каровски Мартин

34 фотографии за 34-от роденден на Александар Ефремов

„Окото на ангелот“ како спомен на неговиот фотографски свет

Семејството, пријателите и колегите се собраа во „Безистен“

Во „Безистен“ беа изложени фотографии на штипскиот фотограф Александар Ефремов, кој воедно беше и фотограф на музичката група ДНК. Ефремов животот го загуби на 16 март 2025 година во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Неговата сестра Паулина на отворањето посочи дека фотографијата за Александар од хоби прераснала во професионална кариера, преку која стекнал признание од луѓето со кои соработувал.

  • Животот го живееше со целосната страст и остави траг на сите кои го познаваа.Не учи и нам за сè што знаеше самиот, дека фотографијата е уметност и љубовта кон семејството е прав мотив како што тој сакаше да каже за нешто што е силно.Неговата главна одлика беше добрината.Работата и ведриот дух го споија со многу луѓе: со Цецата, Филип, Дамјан, Филип и сите 63 ангели кои таа ноќ ги фотографираше-рече Паулина Aпостолова сестра на Александар Ефремов.
Филип Ивановски и Дамјан Таневски, млади штипјани кои ги загубија животите во трагедијата во Пулс | Фото: Каровски Мартин

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Фотографиите изложени во „Безистен“ го претставуваат начинот на кој Александар го гледал светот. Според рецензентката Маја Крстева Коларова, во неговите фотографии се препознаваат ведрината, силниот колорит и специфичната игра на светлината.

„Окото на ангелот“ – фотографии во кои останала неговата ведрина

  • Тој живееше во бојата, во бојата на животите. Затоа сите негови фотографии имаат силен колорит.Секоја фотографија остава впечаток на палета од нијанси кои ги отсликуваат ноктите во ритамот на забавата.Но, во сета таа ведрина и забава се крие сериозност која се гледа во моментите кои ги насликал на фотографското платно. Во неговите дела преовладува зракот-рече Крстева Коларова.
Изложба „Окото на Ангелот“ во штипската галерија Безистен | Фото: Каровски Мартин

Изложбата во „Безистен“ беше можност неговото семејство, роднините, пријателите и колегите повторно да се сретнат со дел од неговото творештво и да се потсетат на фотографот кој својот поглед кон светот го преточуваше во слики.

Александар Ефремов
©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ