Денес се навршуваат 31 година од атентатот врз претседателот Киро Глигоров, а кој е нарчател и кој е извршиел се уште не е откриено. Токму ова тема денес беше разработена во емисијата „Стадион“ на Канал 77, каде гостин беше Зоран Доревски со промоција на неговата книга „Скопскиот атентат“
Доревски е експерт за безбедност и науки. На 3 октомври кога се случи атентатот тој бил на позиција главен инспектор, а целата кариера му поминала во областа на безбедноста во МВР и други институции.
„Во моментот на атентатот врз Глигоров имало тројца инспектори и возач на ескортното возило, за разлика од САД, каде тој бил на обука, таа бројка е каде, каде поголема“, вeли Доревски.
По 31 година и ден денес е мистрија кој се обиде да го убие Глигоров? Доревски, како автор на книгата, во „Стадион“ се обиде да даде дел од одговорите, кои јавноста ја мачат три децении.
-Од техничката реконструкција на атентатот се гледа дека атентаторот не сакал да делува како терористички чин, кој ќе предизвика масакр, туку се опредлува на многу потежок начин. Го поставува „ами 8“ на сред улица, го стопирале екорток да биде на удар. Но, само 50 мети подолу, кај што денес е кафулето „Плеј“, во тоа врме продавница на „ЧИК-Куманово“ им остра кривина од 90 степени. Атентаторот тука би имал целосен успех. Но, не се одлучил за тука. Обработката на атентатот им повеќе фази, а четвртата се целите на атентаторот, дали ги постигнал целите во однос на политичката промена, во курсот на ржавата. Но, има еден многу важен елемент, кој не е обработен а тоа е замолчување на сведоците или ликвидирање на непосредните учесници со што се прекинува врската меѓу истрагата и инспираторот на атентатот. Во првата и втората година седум луѓе се ликвидирани, го пишувам тоа во книгата. Колешката Павловска е пронајдена мртва на Водно, Драагн Гавриловски член на ескордот е настрадан на многу чуен начин. Го удира дршката од вториот вагон од возот Кичево-Скопје. Има уште неколку специфични загинувања. Тие случаи уште тогаш веднаш биле затворени и не се третирани, а се водат како самоубиство, рече Доревски.
Според Доревски постојат четири фази во обработка на атентатот, кои се нрекуваат „анатомија на атентатот“, и за целосно расветлен се смета кога ќе бидат дефинирани сите четири нивоа на извршување.
– Атентатот на Глигоров е комплексен, има огромна организација, огромен број ангажирани луѓе, софистициран начин каде тимови работеле по области. Голем број извршители, но најверојатно тоа е високиот профсионализам на тој што го организирал. Групите не работеле заедно, веројатно не се ни знаеле меѓу нив, туку дејствувале до таму до каде му била задачата. Деновите после атентатот ми рекоа-не трб да правите огромни истраги, само следете ги парите. Ме праша и колку мислам дека чини атентатот на Глигоров. Им проценка дека акопскиот атнтат во тоа време чини 500.000 марки, што во денешно време би дошло околу два милиони евра. Атентатот е подготвуван најмалаку три месеци пред извршување. Се работи за една голема логистика. Да не зборуваме за тоа колкави биле хонорарите. Истрагата ја поставив како мозаик и сите факти ги редев како фрагменти во сложувалката која треба да ми ја даде целата слика. Често се прашував дали извршител е лицето које ја направило направата, или кое го купило автомобилот или дамата која го донела автомобилот или тој што го притиснува копчето на направата. Што е карктеристично? Сите говорат за луѓе кои зборуваат српски. Со многу внимтелна и темелна анaлизa велам дека основно се сомневаме дека извршно ниво се ангжирани извршители од српското подземје, кажа тој.
Целото интервју погледнете го во видеото подолу:





