Две министерства, една општина, два затвора и 20 други институции имаат трансакции кон Алта банка

Министерката за финасии Гордана Димитриеска – Кочоска на надзорната расправа за Алта банката на директно прашање одговори дека знае за само еден буџетски корисник кој има сметка во оваа банка. Но, токму нејзиното министерство има две сметки во Алта банка и тоа сметка преку која се исплаќа за денационализација и сметка со назив „функции на државата“.
Две министерства, една општина, два затвора и 20 други институции имаат трансакции кон Алта банка
Две министерства, една општина, два затвора и 20 други институции имаат трансакции кон Алта банка
  • Контрадикција со изјавата на министерката: И покрај тврдењето на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека знае за само еден буџетски корисник со сметка во Алта банка, податоците од платформата „Отворени финансии“ покажуваат дека во првите 11 месеци од 2026 година се евидентирани 64 трансакции кон банката од вкупно 25 буџетски корисници.
  • Институции кои вршеле трансакции: На листата на субјекти кои уплаќале средства се наоѓаат самото Министерство за финансии (со сметките „функции на државата“ и за денационализација), Министерството за социјална политика, демографија и млади, студентски домови, затвори, како и повеќе локални институции, училишта и факултети (главно од Битола и регионот, со оглед на тоа што Алта банка е наследник на Стопанска банка – АД Битола).

На расправата министерката беше прашана – колку фондови, институции и компании од јавниот сектор имаат сметки во Алта банка, во која беше воведена администраторска управа.

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска рече дека буџетски корисници каде што владата директна надлежност немаат сметки, бидејќи согласно закон не можат ни да ги имаат туку ги имаат во трезор
Слушајте радио во живо
-Кога станува збор за акционерските друштва и јавните претпријатија на централно ниво, тоа е нешто што треба да се добие како извештај од администраторот. Гувернерот претходно не одговори на на прашањата околу Комитетот за финансиска стабилност. Лично, бидејќи нормално сум загрижена како министер за финансии и за јавните претпријатија и акционерските друштва, можам да кажам дека од сите јавни претпријатија и акционерски друштва коишто ги исконтактиравме, само едно претпријатие имаше сметка која што е во многу мал износ, нешто околу 100.000 денари. Ништо повеќе од тоа. Најголем дел од јавните претпријатија и акционерски друштва немаат сметка во Алта банка, одговори министерката.

Прочитајте уште на темата:

Вработените во компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка” ќе земат плата

На платформата „Отворени финансии“, каде се гледаат сите буџетски плаќања стои дека од во првите 11 месеци од 2026 година се вкупно 64 трансакции кон Алта банка од страна 25 буџетски корисници. Тоа се јавни институции финансирани од државниот буџет кои обезбедуваат услуги за одредени категории граѓани.

На листата на институции кои уплаќале пари на Алта банка за нејзините услуги се Министерството за социјална политика, демографија и млади, кое неодамна ја „заглави“ исплатата на социјалните надоместоци поради стопирањето на трансакциите од Народната банка. Како корисник се јавува и Министерството за финансии со две сметки – едната е „функции на државата“ и „средства за исплата на обврски за денационализација“.

Прочитајте и за ова:

Шест инвеститори зинтересирани за „Алта банка“ АД Битола, вели Славески

Исплати кон Алта банка за нејзините услуги има и од Студентскиот центар, двата студентски домови -„Скопје“ и „Пелагонија“, како и два затвора – струмичкиот и битолскиот.

Со оглед на тоа дека  Алта банка е наследник на Стопанска банка – АД Битола, повеќето битолски институции, ги користеле услугите на оваа банка.

На „Отворени финансии“ се евидентирани исплати кон Алта банка од три градинки, три основни и три средни училишта, општина Новаци, Институтот за тутун од Прилеп, Педагошкиот факултет од Битола и Правниот факултет од Кичево, НУБ „Климент Охридски“ – Битола, Центарот за култура, и Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола.

Уште на темата:

АЛТА банка оди на продажба: Се нудат 95,3 отсто од акциите, аукцијата на 30 ноември

Дел од трансакциите се од контото за договорни обврски, надоместоци или провизии.

Со Алта банка во моментов управуваат тројца администратори од Народната банка. Централната банка ја огласи Алта банка на продажба. Платниот промет засега се одвива со ограничување кон физичките лица, додека правните лица имаат забрана на одлив на средства надвор од банката.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ