Светлана Мојсов еден од најсериозните кандидати за Нобеловата награда – Што велат предвидувањата?

Со објавувањето на Нобеловата награда за медицина на научниците Карл Дејсерот (Karl Deisseroth), Петер Хегеман (Peter Hegemann) и Георг Нагел (Georg Nagel) започна серијата објави на најзначајното светско признание во науката.
Светлана Мојсов еден од најсериозните кандидати за Нобеловата награда – Што велат предвидувањата?
  • Угледното списание „Наука“ побара од професрот Луис Фереира Моита , имунолог, Универзитетот во Лисабон да ги даде неговите предвидувања за тоа кој ќе ја добие Нобеловата награда за хемија.
  • Поради нејзиниот историски придонес во науката, македонскиот претседател неодамна, на 27 септември 2026 година, ја одликуваше д-р Мојсов со највисокото државно признание – орденот „8 Септември“.

Македонската научна јавност со нетропение го очекува објавувањето на лауератите на Нобеловата награда за хемија, каде професроката со македонско потекло, Светлана Мојсов се споменува како еден од најсериозните кандидати за наградата.

Светлана Мојсов е номинирана и високо рангирана во предвидувањата заедно со нејзините колеги Даниел Друкер и Јенс Јул Холст. Тие се издвоени како главни кандидати поради нивните епохални откритија поврзани со хормонот GLP-1, кои доведоа до развој на револуционерните и исклучително популарни лекови против дијабетес и дебелина, како што е Оземпик.

Слушајте радио во живо

Нобеловата награда за хемија за 2026 година ќе биде објавена во среда, 7 октомври некаде околу пладне.

Угледното списание „Наука“ побара од професрот Луис Фереира Моита , имунолог, Универзитетот во Лисабон да ги даде неговите предвидувања за тоа кој ќе ја добие Нобеловата награда за хемија. Професорот како негова  втора опција ги именува професорката Мојсов и нејзните колеги  Јенс Јул Холст и Даниел Дракер за нивното откритие на формулата што е основа на лековите за дебелина.

Прочитајте повеќе на темата:

Над 200 пријавени смртни случаи поврзани со инекции за слабеење во Велика Британија

Светлана Мојсов, е ќерка на македонскиот политичар Лазар Мојсов е родена во Македонија, која заедно со родителите поради политичкиот ангажаман на татко ѝ, се сели во Белград.

Во 1972 година се запишала на докторски студии на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк, каде што работела под менторство на Брус Мерифилд. Докторирала во 1978 година, а нејзините истражувања се фокусирале на синтеза на пептиди во цврста фаза, што кулминирало со синтезата на панкреасниот хормон глукагон. Во 1990 година Мојсов се вратила на Рокфелеровиот универзитет, каде што е избрана за доцент, а од 2002 година е вонреден професор за истражување.

Прочитајте и за ова:

Комбинацијата од екстремна топлина и несакани ефекти – Предупредување до сите кои ги пијат овие лекови за слабеење

Поради нејзиниот историски придонес во науката, македонскиот претседател неодамна, на 27 септември 2026 година, ја одликуваше д-р Мојсов со највисокото државно признание – орденот „8 Септември“.

За 2026 година, Норвешкиот Нобелов комитет прими вкупно 287 кандидати, од кои 208 поединци и 79 организации.

Фотографија: МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ