Македонија од ЕУ не може да го добие тоа што е предложено на Канада – придружното членство: одговор на Кос

На презентирањето на новата реформа за проширување, од документот „Подготовка за поширока Европа“ , еврокомесарката Марта Кос доби многу конкретно новинарско прашање.
Македонија од ЕУ не може да го добие тоа што е предложено на Канада – придружното членство: одговор на Кос
  • Еврокомесарката Марта Кос го отфрли моделот на придружно членство за Македонија и Косово, нагласувајќи дека земјите-кандидатки треба да се интегрираат како полноправни членки на ЕУ
  • Предвидена е постепена интеграција на кандидатите во ЕУ, со построги услови и целосно стратешко усогласување, додека за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина се најавуваат патокази со конкретни рокови и пресвртници – Македонија не е на оваа листа
  • Новата реформа на проширувањето предвидува помалку можности за блокади, преку поширока примена на квалификуваното мнозинство и намалување на националното вето во одредени области и меѓучекори од пристапниот процес

„Дали би го искористиле моделот на статус за придружно членство за Канада, кој започнувате да го развивате, за две несреќни земји од Западен Балкан? Тука мислам на Северна Македонија и Косово“? – праша новинар на прес конференцијата на Кос.

Новинарот продолжи со прашањето –  „дали би биле подготвени да размислите и да продискутирате со вашите колеги: „Ајде да направиме нешто за тие три земји кои од различни причини се задржани, и да направиме нешто привремено како што ќе направите со Канада“.

Слушајте радио во живо

Марта Кос беше децидна во одговорот:

„Не, не би го направила тоа бидејќи има разлика. Од една страна, имаме земји кандидатки кои, од различни причини, се на различно ниво во процесот на пристапување – една од нив што ја споменавте сè уште нема статус на кандидат. Тоа значи дека – а ова е навистина мое лично мислење како комесарка и како личност која доаѓа од оваа област, од поранешна Југославија – важно е сите нив да ги интегрираме во Европската Унија. Една од најголемите грешки во минатото е тоа што не успеавме да го направиме ова уште тогаш, и денес ја плаќаме цената за тоа. Така што, сè додека тие се кандидати, јас ќе направам сè што е можно за да можат да станат полноправни членки на Европската Унија“, одговори еврокомесарката Кос.

Повеќе на темата:

„Следната недела е ревидирање на целот тој процес на пристапување“ – Фон дер Лајен и Мицкоски се договориле да го деблокират процесот кон ЕУ

Во презентираниот документ што денеска е пред пред Комитетот за надворешни работи (AFET) се предлага една позитивна новина за Македонија, а тоа е процес на избегнување на ставањето на вето.

Се предлага проширување на гласањето со квалификувано мнозинство и намалување на можностите за национално вето (на пример, во борбата против даночни измами, санкции и за одредени меѓучекори во процесот на пристапување), базирано врз постојните договори на ЕУ.

Исто така, се предлага и подобрена постепена интеграција. Се предвидува подлабока постепена интеграција на земјите-кандидати во системите на ЕУ, но под построги услови — со услов за целосно стратешко усогласување и усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП). Овој процес не е замена за полноправно членство.

Прочитајте уште на темата:

Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик, рече Урсула фон дер Лајен

Се воведуваат и нови заштитни мерки во случај на прекршување на владеењето на правото, демократијата и вредностите на ЕУ, со предвиден преоден период од 15 години за брзо реагирање. Исто така, се предлага доброволна заштитна мерка каде новите членки се обврзуваат да не користат вето за билатерални спорови во процесот на проширување.

Мапи на патот за најнапредните кандидати – Најавени се посебни патни карти со прецизни временски рамки и пресвртници за четирите најнапредни земји-кандидатки: Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, со тоа што процесот и понатаму ќе се заснова исклучиво на поединечните заслуги.

Поради големината и продуктивноста на украинскиот земјоделски сектор, ќе се бараат посебни аранжмани за заштита на европските земјоделци, додека истовремено ќе ѝ се помогне на Украина да се врати на своите традиционални извозни пазари во трети земји.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ