Спомен-плочи на Руен и Царев Врв во чест на младата планинарка Ивона Антова

Спомен плоча на Ивона Антова на Царев Врв
Спомен плоча на Ивона Антова на Царев Врв

На планинските врвови Руен и Царев Врв на Осоговските Планини поставени се спомен-плочи во чест на Ивона Антова од Кочани, младата планинарка, активен член на Планинарскиот спортски клуб „Осогово“, чиј живот трагично згасна во пожарот во дискотеката „Пулс“, на 16 март 2025 година.

Љубовта на Ивона кон планината започнала уште на 11-годишна возраст, кога како најмлада учесничка се искачила од Пониква до Царев Врв.

Оттогаш, планинарењето станало нејзина голема љубов, а планинските патеки и врвови на Македонија и Балканот дел од нејзиниот живот.

Руен, висок 2.252 метри, бил еден од нејзините омилени врвови.

За Ивона планината била втор дом, место каде што ги исполнувала своите соништа и ја пронаоѓала својата радост.

Со поставувањето на спомен-плочите на Руен и Царев Врв, семејството на Ивона остави траен спомен на својата ќерка, со желба нејзиното име и љубовта кон планината да продолжат да живеат во сеќавањата на планинарите кои ќе поминуваат по овие патеки.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ