Кочани за првпат доби избирачко место за изборите во Бугарија

Кочани за првпат доби избирачко место за претстојните претседателски избори во соседна Бугарија.

„Ве известуваме дека за претстојните претседателски избори во Република Бугарија, оваа година за првпат ќе биде отворено избирачко место во просториите на Фондацијата „Единство“ – Кочани, на ул. „ВМРО“ бр. 4.

Гласањето ќе се спроведе на 25 октомври 2026 година, а вториот круг, доколку биде потребен, на 1 ноември 2026 година.

Сите полнолетни граѓани со бугарско државјанство кои имаат право на глас ќе можат да го остварат своето избирачко право на ова избирачко место. Секој што сака да гласа, при гласањето треба да поседува важечки документ за идентификација издаден од Република Бугарија — пасош или лична карта.

Ги повикуваме граѓаните да ја искористат оваа можност и да го остварат своето граѓанско право.“ – вели Александар Димитровски од Фондацијата „Единство“.

Кочани деновиве е актуелно поради бегството на Ива Михаилова, кочанчанка со двојно бугарско и македонско државјанство, која е обвинета во судски процес за тешка сообраќајна несреќа, а која побегна во Софија и покрај тоа што од страна на судот имаше забрана за напуштање на Кочани, а и беа одземени и двете патни исправи.

Бегството ги влоши и онака тензичните односи меѓу Скопје и Софија, а бројни критичари и во двете земји обвинуваат дека случајот се злоупотребува од разни политички субјекти во предизборната кампања во Бугарија.

(К.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ