На денешната прес конференција, претставниците на Студентарија беа прашани за коментар за тоа дали е можно прелевање на настаните од Србија.
-Поуката што мислам дека можеме да ја извлечеме ние за Македонија е дека не нужно мора да се копира нечиј модел на на протест или нечиј модел на политичко или општествено организирање, но факт е дека е доказ и за младите кај нас дека кога младите, кога студентите се се заедно и кога се истрајни во своите барања можат да да бидат не само набљудувачи на општествените случувања туку директно да влијаат на на тоа што ќе се случува и до која насока ќе се одреди нивната иднина, рече Гоше Николов, основач на „Студентарија“.
Слушајте радио во живо
-Дополнително јас би додал дека пред 10 години во Македонија имаше студентски протести и барања за промена на на систем и тоа вроди со ефект, така што, не почнало се’ од Србија, додаде Александар Николовски.






