Најмладото дете во Штип, кое добило мозочен удар има само 26 години

Најмладиот пациент со мозочен удар оваа година кој е примен на Одделението за неврологија во Клиничка болница-Штип има 26 години, посочи денеска неврологот Елена Личкова. Клиничка болница-Штип по повод одбележувањето на Денот на мозочниот удар организираше бесплатно мрење на крвниот притисок, шеќер во крвта. Целта е превенција и запознавање на населението со ризиците од мозочниот удар.

-​Најподложни пациенти за мозочен удар се пациентите коишто имаат повеќе ризик-фактори, како нерегулирана хипертензија, односно покачен крвен притисок, дијабетес или лошо регулиран шеќер во крвта, пациенти коишто имаат хиперлипидемија, односно покачени масти во крвта, пациенти коишто злоупотребуваат дроги, алкохол и пациенти кои се пушачи. Тие спаѓаат во ризичните групи за добивање мозочен удар, и секако пациентите коишто имаат срцеви аритмии-рече Личкова.

Таа додаде дека мозочниот удар е болест која најчесто ја зафаќа повозрасната популација. 

-​Мозочниот удар е болест која секако ги зафаќа повозрасните категории на луѓе, меѓутоа сè почесто во нашата пракса среќаваме и луѓе кои што на помлада возраст добиваат мозочен удар. Најмладиот пациент годинава што сме го имале со мозочен удар е на 26-годишна возраст. Најстарите пациенти се веќе по 80 години.​ Мозочен удар може да се добие во секој временски период од годината-изјави Личкова.МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ