Поранешниот фудбалер, Кристијан Митев викедов се ожени со Тамара Костадиновска и направија свадба за паметење.
Гостите ги забавуваше Влатко Миладиноски и „Арија“, а од сликите и видеата кои се појавија на Социјалните межи се гледа дека и младенците и гостите биле ептен рaсположени.
На свадбата имало и многу познати гости, а тоа е и очекувано, бидејќи Кристијан е син на Тони Митев, газда на Спортско радио, додека Тамар е сестра на актерот од театар „Комедија“, Тино Костадиновски.
Каква била атмосферта може да се види и од видеото кое го постираше пејачот Влатко.





