- Од оваа година се воведува награда за животно дело чиј прв добитник е Стојан Троицки, основач и долгогодишен директор на фестивалот „Макфест“
- Со цел да се спречи девалвација на признанието, воведен е лимит
- За овогодинешното 8-ноемвриско признание се предложени Доброволното противпожарно друштво – Штип, ултрамаратонецот Тони Манев, ученичката Дора Милева, иноваторот Игор Илиевски и ВПГ „Гердан“
Во пресрет на 8 Ноември, Денот на ослободувањето на Штип, предложени се пет имиња за носители на 8 Hoeмвриското признание, додека од оваа година се воведува признание за животно дело, чиј прв носител е Стојан Троицки, основач и долгогодишен директор на фестивалот „Макфест“. За предлозите ќе се гласа на денешната седница на Советот на општина Штип.
Слушајте радио во живо
На Троицки признанието му се доделува, како што стои во одлуката „ за исклучителен придонес во афирмацијата на музичката култура како делгогодишен раководител на Фестивалот на музика „Макфест“.
Ова година е направено и ограничување на бројот на предложени признанија – како што стои со цел да се исклучи девалвација на признанието. За илустрација, лани беа доделени дури 18 признанија.
Прочитајте уште на темата:
Штип: Две Осмоноемвриски признанија за помошта и спасувањето на повредените од кочанската дискотека
За годинашни добитници се предложени Доброволното противпожарно друштво – Штип, ултрамартонецот Тони Манев, талентираната ученичка Дора Милева, Игор Илиевски, технолошки претприемач и иноватор во областа на вештачката интелигенција и ВПГ „Гердан“ .




