(Видео) Трагдија во Шпанија! Најмалку 10 мртви, два брзи воза се судрија

Фото: Јутјуб

Два брзи воза воза се судрија денеска во Шпанија, поради што е во прекин железничкиот сообраќај на линијата што ги поврзува Мадрид со регионот Андалузија. 

„Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат поради судир на два воза“, објавија шпанските железници на X.

Шпанскиот весник Ел Паис објави за голем број повредени и дека екипите за итни случаи се на терен.
Истиот весник наведува дека два вагона излетале од шините. Според Ел Паис, несреќата се случила кратко по 9 часот наутро по локално време.

Судирот се случил на делот помеѓу Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо, пренесува МИА.

 Најмалку 10 лица се мртви, изјави портпаролката на регионалната влада на регионот Хунта де Кастиља-Ла Манча, Естер Падиља, за локалната телевизија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ