(Видео) На зелениот пазар во Чаир запленети 135 килограми тутун и 30 литри алкохол

По сузбивање на меѓународна група на организиран криминал со увози на цигари, Царина со засилени контроли и на зелените пазари – со сеопфатен пристап до жестока борба со нелегалната трговија со тутун.

-Царински службеници од Царинарница Скопје и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи извршија претрес на тезги на зелениот пазар во Чаир, при што запленети се 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 337.558 денари. При контролата на акцизни производи на тезгите на зелениот пазар во Чаир, фатени се три лица како продаваат акцизни производи без акцизни маркички. Тие,  противзаконски ја ставилe акцизната стока во продажба, без претходно да платат акциза кон државата, информираат од Царина и додаваат:   

-Против две лица се поднесени прекршочни пријави, а против едно лице кое продавало акцизни производи за кои е избегнато плаќање акциза од 257 илјади денари, ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик. Со сеопфатен пристап, преку засилени истраги за увози на тутун и тутунски производи и контроли на внатрешниот пазар, јасно ги покажуваме заложбите за сузбивање на нелегалната трговија со тутун и тутунски производи, велат од Царина.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ