- Планот беше насилно да се поништи изборната волја
- Спасоје Вулевиќ, поранешен командант на Специјалната антитерористичка единица на Србија, тврди дека Вучиќ испратил 4.000 полицајци и 3.000 луѓе кои ги опишува како бандити во центарот на Белград
Изворите тврдат дека бил предупреден оти обидот за оспорување на резултатите би можел да заврши многу лошо.
„Тој испрати 4.000 полицајци и 3.000 бандити“
Слушајте радио во живо
Како што пишува „Тајмс“, Спасоје Вулевиќ, поранешен командант на Специјалната антитерористичка единица на Србија, тврди дека Вучиќ испратил 4.000 полицајци и 3.000 луѓе кои ги опишува како бандити во центарот на Белград.
„Сто проценти сум сигурен дека планирал да одбие да ги признае резултатите“, кажал Вулевиќ.
Сандро Гози, член на Европскиот парламент и претседател на Европската демократска партија, изјави дека во текот на денот на изборите, од дипломатските кругови пристигнуваа загрижувачки информации.
„Во неделата добивме алармантни извештаи од дипломатски извори дека Вучиќ е подготвен да се бори и да изврши државен удар“, рече Гози.
Уште на темата:
Ако ме ставите во гроб, ќе зборувам од гробот, рече Вучиќ
Саичиќ: Планот беше насилно да се поништи изборната волја
Радомир Саичиќ, еден од водечките кандидати на Студентската листа, исто така тврди дека постоел план за употреба на сила доколку резултатот биде тесен.
„Тие имаа план да употребат брутална сила за да ја поништат изборната волја доколку резултатот биде тесен, но имам информации дека добил многу повици од полицијата и други кругови, што го натерало да се предомисли“, рече Саичиќ.
Прочитајте и за ова:
„Тие го убедија дека спроведувањето на тој план ќе заврши многу лошо за него“, додаде тој. Саичиќ, исто така, тврди дека поранешен полицаец кој ги предупредил своите колеги да не ги тепаат ниту да пукаат во демонстрантите добил анонимна закана:
„Првиот куршум е за тебе“, му рекле.
Извор: Тајмс







