Грешна команда однесе во смрт 68 лица – Шпанија во жалост

Фото: Јутјуб видео

Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, изјави дека денешниот судир на возови е предизвикан од „необјаснива наредба“ од Главниот команден центар на шпанските железници издадена по дефект на безбедносниот систем. Тој нагласи дека машиновозачите не се одговорни за несреќата во која загинаа 68 лица.

Ова е втор фатален судир на возови во земјата оваа година.

Пуенте изјави дека во 8:30 часот наутро, безбедносниот систем на делницата од 63 километри престанал да работи поради дефект на компјутерот, што предизвикало запирање на сите возови на таа делница.

Сепак, централната команда му дала наредба на возот на државниот оператор „Ренфе“ (RENFE) да продолжи да се движи без ограничувања на брзината, а во 8:53 часот удрил одзади во запрениот воз на италијанскиот приватен оператор „Ирио“ (IRYO). И двата воза се движеле од главниот град Мадрид до Севиља, на југозападот од Шпанија.

Во возот на компанијата „Ренфе“ имало 397 патници, а во возот на компанијата „Ирио“ 147.

Пуенте изјави дека возот никогаш не можел да добие наредба да продолжи да се движи, со оглед на тоа што „стоп сигналот“ сè уште бил активен на таа линија. Дури и да било дозволено движењето, на возот, барем, ќе му било наредено да се движи со намалена брзина.

Пуенте додаде дека податоците сè уште се анализираат за да се утврди брзината на возот, но дека е можно да се движел со брзина од 200 км/ч на тој дел од пругата.

Регионалната влада на Кастиља-Ла Манча го потврди бројот на жртви и рече дека 58 лица побарале медицинска помош во болница, а спасувачите продолжиле да ги пребаруваат остатоците за преживеани и тела.

Железничкиот сообраќај на линијата помеѓу Мадрид, Сиудад Реал и Андалузија е прекинат.

До оваа година, немало смртоносни несреќи на наменските брзи линии во Шпанија откако мрежата беше отворена во 1992 година.

Во судирот, кој се случи на рамно поле опкружено со маслинови насади, еден вагон беше целосно уништен – претворен во куп искинат метал.

Амбулантни возила и медицински хеликоптери ги однесоа повредените патници, а автобусите ги однесоа неповредените. Шпанската фудбалска асоцијација ги одложи сите 24 натпревари од Купот на кралот закажани за среда, пренесува Бета.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ