Вучиќ негираше дека планирал насилство, но се откажал откако добил повик од странство

Прв странец со кој се слушнал Вучиќ во изборната ноќ бил Орбан
Вучиќ негираше дека планирал насилство, но се откажал откако добил повик од странство
Фото: Видео принскрин
  • „Тајмс“ објави дека планот со насилство да ја преземе победата во изборната ноќ бил сменет откако некој му се јавил на Вучиќ
  • На Вучиќ му станало јасно дека ги губи изборите и признал пораз откако ја видел анализата на примерок

Лидерот на листата на Единствена Србија, Александар Вучиќ на денешната прес конференција изјави дека како носител на листата имал состанок со сите полицајци и им рекол дека ако ги изгуби изборите, веднаш ќе го признае поразот, а ако победи, нема да дозволи никој да му ја украде таа победа, објави Н1.

-Никој не се јави“, рече Вучиќ.

Слушајте радио во живо

Како што додаде,  првиот разговор со некој од странство бил околу 23:15 часот. Прв му се јавил поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а потоа , како што рече Вучиќ, разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон и некои други пријатели. Два дена подоцна и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Прочитајте уште на темата:

„Тајмс“:Вучиќ сакаше да изврши насилен државен удар, но доби телефонски повик со предупредување

Според него, кога направил увид во стратифицираниот примерок на гласање, станало јасно дека убедливо изгубиле – првенствено во Белград и Војводина – со што разликата во гласовите била многу поголема.

Поради тоа, оценил оти продолжувањето на броењето и кревањето тензии се бесмислени. Затоа, околу 21:30 часот решил да го признае поразот и да им честита на противниците, верувајќи дека тоа е рационален, сериозен и одговорен чекор за победниците да ја преземат одговорноста, да се радуваат и да го продолжат процесот за кој учествувале на изборите.

Прочитајте и за ова:

„Ги загубивме изборите“ – Вучиќ го призна поразот

„Никој од странство до тој момент не ме повика (на телефон). Никој“, рече Вучиќ, кој ги повтори обвинувањата против студентското движење за „гол терор“ против политичките неистомисленици по изборната победа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ