Закана за бомба во авион на „Виз Ер“! Летал од Лондон до Софија, но слетал во Будимпешта

Авион на компанијата „Виз Ер“ што леташе од Лондон до Софија денеска беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта откако за време на летот беше примена закана за бомба, објави авиокомпанијата.

Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Санди изјави дека е испратен унгарски борбен авион да го придружува авионот до Будимпешта, каде што безбедно слета на меѓународниот аеродром „Лист Ференц“, пренесува „Скај њуз“.

Компанијата „Виз Ер“ објави дека авионот е пренасочен во согласност со безбедносните протоколи и процедури, по што е паркиран на одреденото место, каде што надлежните служби започнаа безбедносна проверка на авионот и патниците.

Унгарскиот министер за одбрана изјави дека полицијата презела дополнителни мерки по слетувањето, додека авиокомпанијата потврди дека целосно соработува со надлежните органи.

„Безбедноста на патниците и членовите на екипажот останува наш највисок приоритет“, се наведува во соопштението на компанијата.

Во меѓувреме авионот се подготвува да го продолжи своето патување кон Софија, соопшти прес-центарот на компанијата.

Авиокомпанијата потврдува дека сите безбедносни проверки се успешно завршени и не се идентификувани закани. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ