Лет за Москва вратен во Белград поради Александар Вулин

Авион на „Ер Србија“ на лет за Москва беше вратен доцна синоќа во Белград за дополнителни безбедносни проверки на еден патник, објави српската национална авиокомпанија.

„Ер Србија“ објави дека постапила во согласност со упатствата на надлежните органи и важечките процедури откако добила информации за потребата од дополнителни безбедносни проверки.

Апликацијата Flightradar24 покажа како авионот се вратил на половина пат до Москва и безбедно слетал во Белград.

Српски медиуми јавија дека во авионот бил Александар Вулин, поранешен министер во голем број ресори и поранешен шеф на разузнавачката агенција БИА, сојузник на поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.

Српските медиуми пишуваат дека Вулин се качил во авионот без да ја помине безбедносната проверка и дека „некој му помогнал“. Во авионот според српски медиуми биле и директорот на „Србијагас“ Душан Бајатовиќ и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ