Интересот да се слушаат песните на Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ во дијспората не се намалува. Откако ја поминаа Австралија и Европа, на ред повторно дојде Америка.
Ѓоко Јовиќ и момчињата од групата „Енерџи бенд“ заминуваат за Америја на турнеја во февруари, идната година. Ова е нивна прва турнеја во новата 2027 година, но е четврта во Америка.

Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ првиот концерт ќе го одржат на 12 фебруари во Детроит, потоа следниот ден, на 13 февруари ќе имаат во Чикаго. На 19 февруари е закажан концертот во Бафало, на 20 февруари се во Њу Џерси и последниот концерт, на 27 февруари ќе се одржи во Индијана.
Ѓоко и „Енерџи бенд“ досега на турнеја во Америка биле три пати и на радост на Македонците, кои живеат во САД, сите турнеи биле максимално посетени. Очекувањата се дека и овој пат македонската песна ќе се пее во преполни сали.






