Во понеделник, со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи 27-то издание на Фолк фест „Роса“.
На фестивалот ќе бидат испеани фолк хитови, кои ќе го најдат мстото кај публиката. Ќе настапат 19 изведувачи и групи и тоа: Анета Љумаковска и „Анета бенд“, Тања Јовановска, Стојне Николовска, групите „Бендот на браќата Нуне“, „Фортуна“, Кате и групата „Соната“, „Биоритам плус“, „Дрим тим“ и „Здраве мјузик“, како и Дарко Стојановски, Борче Нумовски, Кире Науновски, Љупчо Јовановски, Орце Стефковски, Благица Колева, Биљана Михајловиќ, Миле Ѓоргески, Боби Спасенцовски и Боби Цановски.
По традиција, и годинава фестивалот ќе биде од ревијален карактер, освен наградите за животно дело, а годинава ќе ги добијат Горан Алачки, Баже Грујоски и постхумно ќе му биде доделена на Зоран Џорлев,
Фестивалот ќе биде снимен, а понатаму ќе се емитува снимка на телевизија Алфа.




