Во петок во Богданци ќе се одржи мирен протест во чест на прерано згаснатиот живот на Билјана Ќириќ, која беше убиена од нејзниот дечко.
-Во петок, 6 ноември со почеток во 19 часот во градскиот парк во Богданци е најавен мирен протест во чест на прерано згснтиот живот на нашата сограѓанка Билјана. Ова е повик за заедничко изразување на револт, подршка и барање за правда. Повик да не молчиме врз насилството врз жените и да побараме поголем одговорност, заштита и навремена реакција на институциите. Да покажеме солидарност и да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува, се вели во повикот, во кој понатаму се додава:
-За Билјана, за сите жени, за живот без насилство, се вели во апелот.







