- Струмица е во тековната фаза на имплементација, а завршувањето се очекува до крајот на ноември.
- Штип е следен на листата, по што системот треба да биде проширен и во други подрачја.
- Полициските возила ќе добијат можност да регистрираат прекршоци, најави Тошковски.
„Сејф сити“ ќе продолжи да се проширува надвор од досегашните подрачја, при што во тек е поставувањето на системот на територијата на СВР Струмица, а потоа следува СВР Штип. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува процесот да биде заокружен до крајот на годинава или на почетокот на 2027 година.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
„Треба да го имплементираме и на територија на СВР Штип и СВР Струмица. Моментално работи на СВР Струмица, повеќе градови работиме. Би требало да завршиме до крајот на овој месец на територија на СВР Струмица, после тоа е СВР Штип“, изјави Тошковски.
Полициските возила ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
Министерот најави и новина во начинот на контрола на сообраќајот. Според него, во иднина голем број полициски возила ќе бидат опремени со уреди со кои ќе може да се констатираат повеќе видови прекршоци.
Тошковски посочи дека возачите веќе знаат каде се поставени камерите на „Сејф сити“, па најавената новина треба да овозможи контрола и надвор од фиксните локации.
„Во иднина, голем број од полициските возила коишто ги има МВР ќе бидат во исто време и уреди со кои ќе може да констатира неколку прекршоци“, најави министерот.
Според најавата, проширувањето на системот во Струмица и Штип е дел од планот за негово пошироко воведување во земјата, додека опремувањето на полициските возила би требало да донесе дополнителен начин за откривање и евидентирање на сообраќајните прекршоци.
Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА
(К.М.)






