Трамп размислува за продолжување на војната против Иран

Фото: Х видео

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе одлучи дали ќе ја продолжи војната против Иран, конфликт што го почнаа САД и Израел во февруари, со цел да го спречат Техеран во развојот на нуклеарно оружје.

Тој истакна дека разгледува дали да продолжи со нападите за да се осигури дека трајно ќе биде запрена нуклеарната програма на Иран. Трамп наведе дека сака да избегне понатамошно уништување во Иран, но, не ја исклучи можноста за дополнителни напади.

– Наскоро ќе дознаете, истакна Трамп.

По состанокот со советниците за национална безбедност, Трамп истакна дека САД ги оствариле сите свои цели во Иран и оти сега ќе ги одреди следните чекори.

Американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на претставник на американската администрација, објави дека Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) ги интензивира подготовките за можно продолжување на воените операции од голем обем во Иран, иако сè уште нема добиено нови наредби од Вашингтон.

Посредниците изминатите денови неколку пати го посетија Техеран, а и самиот Трамп неодамна зборуваше за можен напредок во преговорите насочени кон ставање крај на конфликтот. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ