Марта Кос вели Македонија не постигна никаков напредок – Нема повеќе прием во пакет

Имаме четири најуспешни земји, меѓу кои има и разлики, на пример Црна Гора или Украина, потоа ги имаме Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија во втората категорија, кои практично не постигнаа никаков напредок, а потоа ја имаме групата што ја споменав претходно, во која е вклучена и Србија, каде што тие назадуваа.
  • Услов за решавање на отворените прашања: Еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека ниту една земја не може да напредува кон ЕУ доколку не ги реши отворените билатерални прашања, наведувајќи ја како пример и Северна Македонија, која и покрај статус на кандидат од 2005 година сè уште не ги започнала преговорите.
  • Крај на пакетот интеграција: Во најновиот извештај кандидатите се поделени во три групи, при што Северна Македонија е сместена во категоријата земји што не постигнале никаков напредок, а Кос нагласи и дека „нема да има повеќе прием во пакет“ за влез во Европската Унија.
  • Зголемени критериуми и став на државниот врв: Кос посочи дека европскиот правен поредок е три и пол пати пообемен отколку кога Словенија станала членка, додека премиерот Христијан Мицкоски изјави дека извештајот е подобар од лани и нема назадување, а останува и условот за уставните измени.

Во вчерашното интервју за ТВ Словенија, еврокомесарката за проширување, Марта Кос се осврна на отворените билатерални прашања, а како пример ги наведе барањата на Хрватска кон Црна Гора. Кос кажа дека ниту една земја не може да напредува во пристапувањето кон ЕУ, доколку не ги реши и отворените билатерални прашања.

Слушајте радио во живо

-Станува збор за начинот на кој потоа се решаваат овие актуелни прашања, кои не се секогаш дел од процесот на преговори за влез во Европската Унија. Патеките се многу различни. Западниот Балкан е полн со рани од минатото, кои во голема мера влијаат на односите меѓу земјите денес, а тоа, секако, има влијание врз фактот дека некои земји не можат да напредуваат. Да ја погледнеме Северна Македонија, која е членка од 2005 година, а сè уште не сме успеале ниту да започнеме преговори, рече Кос.

Прочитајте уште на темата:

Корупцијата и понатаму е распространета, Бугарите во Устав..! Извештај на ЕК

Еврокомесарката во интервјуто објасни како во извештајот се мери напредокот на земјите кандидати и при тоа објасни дека едниот аспект е општата подготвеност за приклучување кон Европската Унија. Како пример за успешност ја наведе Србија, која технички е најподготвена, како што рече Кос, но во вториот критериум колку напредок постигнала земјата во последната година, забележано е назадување, и „Србија е поблиску до Грузија и Турција отколку до Албанија и Црна Гора“, кои се најдобри. Поради тоа, земјите членки не дозволиле отворање на третата рунда на преговори.

Прочитајте и за ова:

Што му одговори Марта Кос на новинар кој ѝ рече: „Не гледам дека им помагате на Македонија и Бугарија да ги решат прашањата“?

Кос зборуваше и за тоа дека од приемот на Словенија во ЕУ (1 мај 2004 година) до сега европскиот правен поредок е три и пол пати поголем, пообемен отколку кога Словенија беше кандидат. Што значи многу повеќе технички критериуми за исполнување, а и како што рече „има и земји-членки што не се согласуваат многу со проширувањето“.

Во однос на најновиот извештај за напредокот, Марта Кос ја смести Македконија во земји без никаков напредок.

-Најновиот извештај, особено, покажува дека групата од десет кандидати некако се поделила во три групи. Имаме четири најуспешни земји, меѓу кои има и разлики, на пример Црна Гора или Украина, потоа ги имаме Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија во втората категорија, кои практично не постигнаа никаков напредок, а потоа ја имаме групата што ја споменав претходно, во која е вклучена и Србија, каде што тие назадуваа. Нема да има повеќе пакет интеграција, влез во Европската Унија, таква е и желбата на земјите-членки што го управуваат целиот процес, рече Кос за РТВ Словенија.

Порзано:

Наместо честитка – вето: Словенија нема да дозволи преговори на Србија со ЕУ доколку не исполни еден услов

Во средата во Брисел беа претставени поединечните извештаи за напредокот на десет земји кандидати за влез во ЕУ. Премиерот Христијан Мицкоски, вчера кога му беше предаден овој извештај, рече дека е подобар од лани и нема назадување. Кос при презентирањето на извештајот за Македонија кратко кажа дека останува условот од 2022 година за внесување на малцинствата во Уставот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ