Маж од Пробиштип со 3,11 промили алкохол возел трактор и излетал од патот

Фото: МВР

Маж од Пробиштип излетал од коловозот со трактор, а возел со 3,11 промили алкохол во организмот.

-На 08.11.2026 во 18:00 часот на локален пат во село Гризилевци, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.Н.(35) од Пробиштип. Претходно, тој управувајќи трактор со приколка со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и излетал од коловозот. При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека тој го управувал тракторот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,11 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ