Ирак постигна договор со САД за извоз на нафта преку Ормуската Теснина

Фото: Гугл мап

 Ирак постигна договор со Соединетите Американски Држави со кој се овозможува извоз на ирачка нафта преку Ормуската Теснина, по пловен пат долж крајбрежјето на Оман, изјави синоќа ирачкиот министер за надворешни работи, Фуад Хусеин.

Во интервју за телевизијата „Ал Џезира“, Хусеин рече дека загубите на Ирак од војната во Иран и нарушувањата во извозот на нафта достигнале 60 милијарди долари.

Тој посочи дека американското Министерство за финансии побарало од Багдад да ги затвори граничните премини со Иран, при што би останале отворени само два – еден во Курдистанскиот регион и еден во останатиот дел од земјата.

Хусеин нагласи дека Багдад води постојан дијалог со Вашингтон за да се спречи нанесување штета на ирачката економија, имајќи ги предвид тешкотиите во спроведувањето на барањето и неговото директно влијание врз трговијата меѓу Ирак и Иран, чија годишна вредност се движи меѓу 15 и 18 милијарди долари. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ