- Пред судењето Ива Михаилова во јавноста изнесе барање во текот на судењето во Кочани да се вклучи преку видео конференциска врска
- Во судницата е присутен и бугарски адвокат, колега на Николај Димитров, со кој Михаилова побегна од Македонија во Бугарија
Во отсуство ѝ се суди на Ива Михаилова, која е обвинета за сторување сообраќајна несреќа со смртни последици. Во текот на претпладневниот дел од судењето во Основниот суд во Кочани, каде се води предметот, не се споменало јавно поставеното барање од Михаилова, на рочиштето да се вклучи од Бугарија, каде пребега. Во текот на интервју, обвинетата Михаилова предложи во судењето да се вклучи преку видео конференциска врска.
Слушајте радио во живо
Судењето во Кочани денеска го следат и неколку бугарски политичари и новинари. Присутни се и адвокатот и членови на семејството на загинатиот во сообраќајката, 33-годишниот Бесим Дурмиши.
Прочитајте на темата:
По бегството на Ива Михаилова, македонското МВР распиша потерница по неа и одреден ѝ е притвор во отсуство. Во меѓувреме продолжува судењето во кочанскиот суд. Михаилова негира вина и се повикува на повредите кои ги здобила во сообраќајката, поради што бараше лечење во Бугарија. Во последниот нејзин јавен настап, најави дека лечењето ќе го продолжи во Израел.





