(Видео) „Не ви барам пари туку законски да го решам проблемот да не ни се смее светот“- Митовски бара сам да се справи со кравите, кога веќе не можат институциите


На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор.

-Кога веќе не помагате доволно дозволете јас да го решам проблемот. Не ви барам пари, не ви барам механизација, не барaм ниту еден денар дополнитeлни средства од државниот буџет. Барам да ми дадете законски мандат, барам правен механизам што ќе ми овозможи што ќе ја превземам организацијата на терен, заедно со останатите надлежни институции и конечно а ги релоцираме животните од улиците и имотите од граѓаните. Ќе ја спробедм акцијата за помалку од 10 дена. Не е поддржно барањето за прогласување на кризна состојба. Во меѓувреме светот ни се смее и не само на Крива Паланка, туку и на цела Македонија. Ова е понижувачки за сите нас, а најмногу за луѓето кои секојдневно ја плаќаат цената на немоќта на органите. Сакам да го прекинам овој срам и конечно да го решиме прблемот, апелираше Митовски до Владата и АХВ и додаде:

-Повеќе од две години постојат решенија за одземање на добитокот. Проблемот расте, штетите се зголемуваат, а граѓаните со прво ја губат довербата во самите институции. Доста е од службени дописи без резултат и префрлање на одговорноста. Затоа барам итно да утврдат законски издржан механизам за интервенција. Не барам да ги заобиколиме институциите или законите. Не ми е важна политичката заслуга, ако Владата го реши проблемот јас прв јавно ќе и честитам, ако е потребно општината за превземе поголема оперативна улога подготвен сум да го направам тоа. Ова понижување на граѓаните и државата мора да заврши. Пк ќе повторам, не барам пари и да бидам нд законот, туку законски мандат за дејствување, рече Митовски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ