Вината се префрла врз Македонија во скандалот со притисокот на бугарската тајна служба врз Ива Михаилова (ВИДЕО)

По скандалот со објавувањето на снимка од бегалката од Македонија Ива Михаилова, во која таа на новинар му кажува дека од бугарската тајна служба ДАНС ѝ се заканиле дека ќе остане без помош и ветената здравствена рехабилитација ако прво не зборува во поткастот на Мартин Карбовски, во истиот поткаст вината се префрли врз Македонија.
Вината се префрла врз Македонија во скандалот со притисокот на бугарската тајна служба врз Ива Михаилова
Вината се префрла врз Македонија во скандалот со притисокот на бугарската тајна служба врз Ива Михаилова
  • По скандалот со наводните закани од бугарската тајна служба ДАНС кон Ива Михаилова, во поткастот на Мартин Карбовски одговорноста се префрла врз Македонија
  • Новинарот Јавор Дачков изнесе обвинувања дека Весела Чернева, поранешна советничка на премиерот Кирил Петков, доставувала доверливи информации до македонската страна
  • Според сведочењето на шефот на ДАНС од 2023 година, бугарските институции се сомневале дека нивните преговарачки позиции за Македонија протекувале во Скопје пред официјално да бидат соопштени

Во обид да го прикаже  како спасител актуелниот директор на тајната служба на Бугарија ДАНС, Пламен Тончев, гостинот во подкасот на Карбовски, новинарот  и подкастер Јавор Дачков изнесе случај од 2023 година, со обвинување дека актуелната министерка за надворешни работи Весела Чернева шпионирала за Македонија. Поради тоа, македонската преговарачка позиција во тоа време секогаш била подобра и чекор напред пред бугарската.

Слушајте радио во живо

Новинарот Дачков во синоќешниот поткаст изнесе како што рече, делови од сведочењето на шефот на тајната служба од 2023 година во Народното собрание. Во тоа сведочење, како што тврди Чернева, во тоа време била советничка за надворешна политика на тогашниот премиер Кирил Петков, наводно ги усогласувала ставовите на бугарското Министерство за надворешни работи со државјанин на Македонија, инсистирајќи официјалните барања на Софија – како што е вклучувањето на Бугарите во Уставот – да бидат отстранети од преговарачкиот договор.

Според контраразузнавачките податоци презентирани на сослушувањето, била покрената предистражна постапка за протекување доверливи информации од бугарските институции кон Македонија, кои се однесувале на укинувањето на бугарското вето за евроинтеграциите на земјава.

Прочитајте на темата:

Изненадувања во МНР и сомнежи за протекување документи

Понатаму во презентирањето на сведочењето во поткастот, беше кажано дека домашните позиции на Софија завршувале во Скопје уште пред официјално да бидат презентирани, што било потврдено и од тогашната министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска. Таа изјавила дека институциите биле затекнати кога од македонска страна слушале предлози кои претходно биле разработувани во Софија.

Прочитајте и за ова:

„Седев и гледав што се случува врз името на млад згаснат живот“ Баки Дурмиши по судењето против Ива Михаилова

„Ова беше прилично загрижувачки; понекогаш нашите соговорници во Скопје веќе точно знаеја што имаме намера да им претставиме“, сведочела Генчовска, додавајќи дека за овие пропусти биле известувани и надлежните институции.

Шефот на ДАНС во тоа сведочење тврдел дека постојат конкретни докази против Чернева за оддавање доверлив документ од Советот на министри, што во тоа време дополнително ги разгорело политичките тензии во бугарската јавност.

Погледнете го овој дел од поткастот:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ