Бугарите со доктори одат по селата со Македонци по Мала Преспа во Албанија и со здравствени прегледи се обидуваат да ги придобијат – вели Едмонд Темелко

По делењето државјанства и ИТ опрема пред Пописот во Албанија, нов начин на придобивање на македонското население од страна на бугарската пропаганда, е доаѓањето на тимови лекари, кои вршат здравствени прегледи, рече Еднонд Темелко, поранешниот градоначалник на Пустец
Бугарите со доктори одат по селата со Македонци по Мала Преспа во Албанија и со здравствени прегледи се обидуваат да ги придобијат – вели Едмонд Темелко
Бугарите со доктори одат по селата со Македонци по Мала Преспа во Албанија и со здравствени прегледи се обидуваат да ги придобијат – вели Едмонд Темелко
  • Медицински тимови од Софија одат по македонските села во Бугарија и вршат прегледи
  • Не претстанува бугарската пропаганда, вели поранешниот граодначалник на Пустец, Темелко

Во периот пред Пописот во Албанија, бугарската пропаганда ги искористи пасошите и европското државјанство кај македонското да влијае врз пописните резултати, но како што вели поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, тоа не влијаеше многу врз резултатите. Пописот беше електронски, па секој моќеше како сака да се изјасни. Сепак, Македонците од Албанија, овој Попис го оспоруваат.

Сега Бугарите, според Темелко, имаат нов начин да влезат со својата пропаганда меѓу македонското население во Мала Преспа, нудејќи здравствена заштита.

Слушајте радио во живо

-Тоа е вознемирувачко, бидејќи доаѓаат со опрема, со лекари од Софија, користејќи тоа што по селата наши сега има од средна и постара доба и секој сака да се прегледа без разлика — доктор си е доктор. Ама арно, после прегледите тие тоа злоупотребуваат. Прават емисии дека еве кај Бугарите бевме на преглед. И тоа е вознемирувачко. Последно беа пред месец дена, ми се чини, дека беа во Мала Преспа. Тие идат и со разни, како да ти речам, пропаганди, сè со цел да ја извртуваат вистината, реалноста што е на терен и да прикажат некакво си бугарско малцинство кај што сме ние Македонци, изјави Темелко.

Прочитајте и за ова:

Реликвија од манастирот „Свети Наум“ од Охрид е меѓу предметите што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во замена на Цар Самуил

Тој смета дека овој начин на делување меѓу македонската заедница до сега немало  многу резултати, па ни сега со лекарите.

-Затоа што тоа што многу во историјата се покажало и кога му беше најтешко на Македонецот, не се откажа од својот идентитет и сега нема да се откажеме од тоа, без разлика на овие обиди на Бугарија. Се надеваме кога ќе се реши проблемот со… да има добри односи и да биде Македонија членка на Европската Унија, мислам ќе престанат и Бугарите да вршат притисок и кај нас и овде и секаде во регионот, вели Темелко.

Според него, ова се вознемирувачки пропаганди, кога слушаат дека се зборува за некаква хуманитарна акција кај Бугарите, поради што реагираат, но и продолжуваме со развој на макеоднската култура, традиции, фолклор…

Прочитајте:

Кочанскиот обвинител Игорчо Крстов бара јавно извинување од Ива Михаилова за изнесеното во интервју

Говорејќи на Семакедонската средба која денеска се одржува во Штип во организација на здружението „Мирка Гинова“, Темелко најави скорешно отворање на македонски конзулат во Корча, Албанија со што се очекува зголемено присуство на македонската дипломатија и грижа за македонскското население.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ