Реликвија од манастирот „Свети Наум“ од Охрид е меѓу предметите што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во замена на Цар Самуил

Во Византискиот музеј во Солун од 3 октомври се наоѓа и реликвијар од манастирот „Свети Наум“, на кој се прикажани светите Климент и Наум Охридски. Тоа е една од 53 -те црковни и историски предмети што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во замена за моштите на Цар Самоил.
Реликвија од манастирот „Свети Наум“ од Охрид е меѓу предметите што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во замена на Цар Самуил
Реликвија од манастирот „Свети Наум“ од Охрид е меѓу предметите што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во замена на Цар Самуил

„Тоа е глупост и предавство“, реагира бугарскиот историчар, Горан Благоев, кој смета дека овој артефакт нема никаква врска со Драма, Сер или кој било друг манастир или град во Грција. Реакцијата се однесува на официјалното објаснување дека Бугарија ѝ враќа на Грција предмети кои се земени од манастирот „Панагија Икосифиниса“ на планината Пангео, манастирот „Свети Јован Претеча“ во Серес и Митрополијата на Серес и Нигрита кои биле однесени во Бугарија во 1917 година, за време на Првата светска војна.

Слушајте радио во живо

„Ваквото злосторство – кое претставува навреда за херојските напори на бугарските научници за време на Првата светска војна, кои собирале културни богатства од бугарските земји за да ги зачуваат за Бугарија – е чин против нашето национално сеќавање каков што ретко кој се осмелил да направи; единствениот сличен пример е кога комунистите им ги предадоа посмртните останки на Гоце Делчев на Титова Македонија“, напиша Благоев.

Прочитајте уште на темата:


Коските на Цар Самуил треба да бидат погребани во Мала Преспа, не во Бугарија – смета Горан Благоев, историчар од Софија

Тој потсетува дека во Византискиот музеј во Солун се наоѓа и реликвијарот на Света Матрона Цариградска – кој потекнува од црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Но, што да каже Македонија во своја одбрана и артефактите кои се раселени по музеите на соседите и пошироко?!

Златните маски и наодите од некрополата кај селото Требеништа, Охрид, откриени за време на Првата светска војна (1918 година), што претставува едно од најзначајните археолошки наоѓалишта од железното време на Балканот (VI до IV век пр. н. е.) се разделени во Национален археолошки музеј во Софија, Бугарија и Србија.

Прочитајте и за ова:

Фатен Канаѓанец во обид да изнесе артефакт од Македонија

Во Бугарија се чува дел од првите и најбогати ископувања вклучувајќи златни маски, златни садови, бронзени кратери и накит.  Во Народниот музеј во Белград, Србија се чува значаен дел од збирката, меѓу кои и прочуените златни погребни маски, бронзени и сребрени предмети од следните фази на истражувања. Во Музејот на византиска култура во Солун, Грција и други институции се наоѓаат значајни артефакти, икони и архитектура од античките и византиските градови како Стоби, Хераклеја Линкестис и др., кои се дел од поширокиот македонски културен ареал.

Во Лувр во Париз, Франција и Британскиот музеј, во Лондон, Обединето Кралство се чуваат антички македонски монети како и хеленистички накит и скулптури кои преку различни антикварни пазари или археолошки истражувања од минатиот век завршиле во нивните фондови.

Во германски музеи во Берлин и Минхен има бројни антички теракоти, бронзени фигури и керамика од македонските локалитети се дел од европските музејски каталози.

Ова значајно македонско културно богатство делумно завршило на црниот пазар, но значаен дел бил однесен во периодите кога територијата на Македонија била под власт на соседните балкански кралства или за време на Првата светска војна, кога воени мисии од Србија, Бугарија и Австроунгарија вршеле ископувања на терен. Така, откопаните артефакти често биле носени во матичните престолнини.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ